Општина Прилеп продолжува со градежната офанзива, особено во патната инфраструктура, не само во градот туку и во населените места. Ова денеска го истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, на започнувањето на асфалтирањето на патот Кадино Село-Галичани со должина од околу 3,5 км.
„Претходно во овие 2 села, Кадино Село и Галичани, изградивме патна инфраструктура во должина од околу 900 метри во двете села, тоа го направи Општина Прилеп. Сега се рехабилитира и реконструира регионалнииот патен правец помеѓу овие 2 села, во должина од околу 3,5 км. И сакам да упатам благодарност до ЈП „Македонија пат“ што ни излезе во пресрет и ја продолжи нашата успешна соработка“, истакна градоначалникот Јованоски.
Од ЈП „Македонија пат“ рекоа дека ја продолжуваат успешната соработка со локалната самоуправа на Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски, а сето тоа во соработка и поддршка на Министертсвото за транспорт и врски.
„Денеска се асфалтира патниот правец Кадино Село-Галичании во должина од 3,5 км., ширината на патот е 3,3 метри, а инвестицијата чини 10 милиони денари. ЈП „Македонија пат“ како и досега ја продолжува соработката со Општина Прилеп. Ние истовремено работиме и на патот Витолиште-Штавица во Мариово, така што наредна недела очекувам да се префрлиме таму, да го започнеме тој голем проект, асфалтирањето на патот кон Витолиште, што е од особено значење за жителите на овој регион“, рече Бедим Мемеди, дииректор на ЈП „Македонија пат“.