Од четвртокот од 21 часот до денес до 05 часот на територијата на целата држава, МВР регистрирала вкупно 622 прекршувања на полицискиот час, а најголем дел 340 се на територијата на СВР Скопје.
Вкупно до сега констатирани се 5.397 прекршување на одлуките за ограничување на движење.
За непочитување на уредбата за носење лична заштитна опрема констатирани се 1.777 непочитување и тоа најмногу во СВР Струмица, каде има 417 непочитувања и на територијата на СВР Охрид 356.
Вкупно досега за неносење заштитна лична опрема има 8.188 непочитувања.
