Во текот на изминатото деноноќие полицијата регистрирала 218 лица кои не носеле заштитна опрема за лице како една од здравствените мерки против ковид-19.
Казната изнесува 20 евра, а доколку се плати на самото место е 10 евра.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од владата со цел справување со ковид -19.
