Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток 17-ти септември:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 4 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 8 лица.
- Бројот на активни случаи изнесува 116, од кои 97 се наоѓаат на домашно, а 19 на болничко лекување.
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 177 лица.
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 578.