Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во Општина Прилеп има 5 нови случаи на коронавирус, а 11 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 123, од кои 93 се наоѓаат на домашно, а 30 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 248 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 689.