Одбележана годишнината од смртта на Блаже Конески

 

 

Со полагање свежо цвеќе на споменикот пред ЦК „Марко Цепенков“, Прилеп ја одбележа 27-годишнината од смртта на кодификаторот на македонскиот литературен јазик, поет, прозаист, литературен историчар, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и прв претседател на МАНУ, Блаже Конески.

 

Пред споменикот на Конески, двеќе положија градоначалникот Илија Јованоски, членови на Советот на општина Прилеп, претставници на ООУ „Блаже Конески“ и претставници на ОО на СДСМ Прилеп.

 

Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 година во с.Небрегово, а починал во Скопје, на 7 декември 1993 година.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира