Општина Прилеп вработува 7 лица, плата до 30.000 денари

 

Општина Прилеп вработува 7 државни службеници. Се бараат кандидати за соработници, раководители, советници. Платата во зависност од позицијата изнесува до 30.000 денари.

 

  1. Виш соработник за угостителство, туризам, занаетчиство и мало стопанство, Одделение за локален економски развој и прекугранична соработка, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности, со плата од 24.413 денари;
  2. Советник за подготвување на буџет, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања, со плата од 26.329 денари;
  3. Раководител на одделение за јавни набавки и администрирање со движниот имот во сопственост на Општината, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности, со плата од 29.887 денари;
  4. Виш соработник за материјално управување и контрола, Одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања, со плата од 24.413 денари;
  5. Виш соработник за сметководствено-книговодствени работи, Одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања, со плата од 24.413 денари;
  6. Самостоен референт за административни работи, прибирање и обработка на податоци, Одделение за урбанизам и заштита на животната средина, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина, со плата од 16.203 денари;
  7. Раководител на одделение за управување, располагање, администрирање, евиденција на недвижниот имот во сопственост на општината, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина, со плата од 29.887 денари.

 

Повеќе за условите на конкурсот на следниот линк.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи