Пендаровски: Имунизацијата е клучниот фактор за излез од кризата

Facebook
Twitter
Email
Print


Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на првата годишна конференција „Скопје економски и финансиски форум” на тема „Економско заздравување и раст по Ковид”, организирана од Министерството за финансии на Република Македонија.

Претседателот се осврна на нашата економија за која рече дека не е исклучок од светските трендови и ги посочи донесените мерки.

„Јасно е дека загубите се огромни и ќе треба време за опоравување на македонското стопанство, кое и пред пандемијата не беше во завидна состојба. Но, она што е значајно е дека веќе имаме доволно информации и анализи за да процениме кои одлуки биле погрешни и не треба да се повторуваат, а кои продуцирале позитивни ефекти”, рече Пендаровски.

Во обраќањето,  тој порача дека е потребно заедничко делување на глобално ниво, а несомнен клучен фактор во борбата е имунизацијата.

„Несомнено имунизацијата е клучниот фактор за излез од кризата и во тој процес не смее да се дозволи забавена динамика и нерамномерна дистрибуција на вакцините”, порача Пендаровски.

На крајот на обраќањето, претседателот Пендаровски порача дека соодветната едукација е фундаментот за развивање на човечкиот капитал, како и дека општеството е должно да го развие потенцијалот на младите и да вложува во нивните идеи.

„Верувам дека токму во постковид периодот ќе имаме сет на политички и економски мерки кои ќе поттикнат продукција на нови свежи концепти на тој план“, рече Пендаровски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира