Запленети околу 25 м3 бесправно исечени дрва на повеќе локации во прилепско

На 21.03.2022 во периодот од 18.00 до 24.00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, Полициското одделение Ропотово и Полициската станица Прилеп при СВР Битола во содејство со Шумска полиција Прилеп спровеле акциска контрола.

„Исто така, над с.Гостиражни биле пронајдени околу 8 кубни метри нежигосани дабови дрва и истите ќе бидат предадени на шумска полициска Прилеп. Додека, пак, на подрачјето над Вештачко езеро во Прилеп било затекнато лицето Џ.А. и од него биле одземени  запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од околу 1,5 кубни метри и една моторна пила. Во тој дел биле пронајдени и бесправно исечени околу 5 кубни метри огревни дрва. Пронајдените дрва биле биле подигнати од Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од СВР Битола.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи