Спартанците во групата добија еден познат ривал во Австрија, која веќе петпати Македонија ја победи. Пред три години двапати славеше со 3-1, во 2015 година црвено-жолтите триумфираа со 3-0, а во 2016 година на фајнл-форот во полуфиналето славеа со 3-2. Македонија со другите два противници, Летонија и соседно Косово првпат ќе се соочи.
Македонија три години во низа го освојува среброто во Европската лига, па сега спартанците ќе имаат нова шанса за да исчекорат конечно кон златото. Распоредот на мечевите дополнително ќе биде одреден.