Саудискиот крал Салман со декрет наложи да се издвојат 19,2 милијарди долари за финансиска помош на приватниот сектор.
Финансискиот пакет е наменет за јакнење на приватните компании, согласно економските реформи во државата која со години зависеше од извозот на сурова нафта.
Финансиските средства се наменети за 16 иницијативи, од кои 5,7 милијарди долари се наменети за поволни кредити за финансирање на изградбата на станови зе државјаните на Саудиска Арабија.
Околу милијарда долари ќе бидат потрошени за промоција на извозот, а останатите за развој на нови технологии и проекти, меѓу кои и за мали и средни претпријатија заради јакнење на конкурентноста на саудиската економија.