Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека е задоволен од вчерашната седница на економско социјалниот совет на која се разгледуваше драфт текстот за законското решение за „недела неработен ден“ што го предлага Владата.
Според првичниот предлог за законското решение, во случај да го прекршат законот и да работат во недела, тогаш ќе следи соодветна ригорозна казнена мерка, а од ССМ додаваат дека дневницата за работа во недела ќе се зголеми за 50 отсто.
„За работниците во дејностите кои ќе припаѓаат под исклучоците, работодавачите ќе треба да им го платат работењето во недела согласно законите и колективните договори најмалку за дополнителни 50 % на дневницата и ќе треба да одредат друг ден кој ќе биде ден за неделен одмор, а ССМ укажува дека тој ден треба да биде или денот кој му предходи или му следи на денот недела се со цел да се намалат злоупотребите што се случуваат сега кога на некој работници денот на неделен одмор (недела) им паѓа во среда или во други денови во неделата“, велат од Синдикатот.
Извор: Фактор