Параглајдинг клубот Делта од Прилеп го освои второто место во екипна конкуренција, а ветеранот,членот на македонската репрезентација, Миле Јованоски беше втор во поединечна конкуренција на меѓународниот натпревар во параглајдерство кој се одржа во Прокупље, Србија.
На натпреварот учествуваа 30-тина пилоти, учесници на ФАИ 2 натпревар од Полска, Македонија, Турција, Србија, Бугарија и Црна Гора.